mk  
 
  ВИСТИНСКА ОДЛУКА ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ    

         
 


  УСЛУГИ - ЕДУКАЦИЈА И ОБУКА
 

 

БАСМЕ има сеопфатно искуство во сите сегменти на обуката, како анализа на потребите за обука, развој во наставните програми, имплементација за обука и мониторинг и евалуација на обука.

Обезбедуваме обука за бизнис секторот и јавната администрација. Програмите за обука на БАСМЕ се фокусираат на луѓе кои се посветени на идејата за доживотно учење.


Нудиме две основни програми со повеќе модули:


АДМИНИСТРАТИВНА ПРОГРАМА која е креирана за државните службеници во: министерства, општини, владини тела, агенции и други буџетски институции. Модулите за обука им обезбедуваат на учесниците да се стекнат со вештини кои им се потребни за да ги извршат своите работи на модерен начин.

Некои теми за обука:

• Стратешко планирање

• Подготовка на акциони планови

• Буџетирање и фискални импликации

• Менаџмент на трошоците

• Градење на тим и тимска работа

• Управување со проекти

• Комуникациски и презентациски вештини

• Ефикасни состаноци

• Управување со време

• Обука на обучувачи

• ИПА и други ЕУ фондови

• Јавни набавки

• Јавно – приватно партнерство


БИЗНИС ПРОГРАМА е дизајнирана за компании, висок и среден менаџмент. Програмата е лесно разбирлива и им овозможува на учесниците да ги подобрат своите знаења и да управуваат со компании на систематски и ефикасен начин. Исто така, им помага на учесниците да ги разберат подобро сите компоненти на бизнисот и да донесуваат исправни деловни одлуки за подобри перформанси.

Програмите за обуки се дизајнирани во модуларен структури кои опфаќаат теми од менаџментот, маркетингот и финансиите. Покрај оваа нудиме програма за обука на претприемачи. Со цел да се постигнат подобри резултати секој модул за обука може да биде прилагоден според индивидуалните потреби на клиентите.


Некои теми за обука:

• Стратешко планирање

• Ефикасно управување

• Развој на човечки ресурси

• Развој на вештини за менаџирање

• Маркетинг стратегија и маркетинг план

• Животен циклус на производ

• Вештини за продажба

• Управување со односите со клиенти CRM (Customer Relationship Management)

• Финансиски менаџмент

• Контрола на цени и дефинирање на цена

• Управување со ликвидност

• Одлуки за инвестирање

• Претприемништво

• Почетен бизнис