mk  
 
  ВИСТИНСКА ОДЛУКА ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ    

         
 


  ОБЛАСТИ - ООП
 

 

БАСМЕ КТ внимава на влијането од своите активности врз општеството и животната средина. Преку нашите секојдневни бизнис активности, ние сме посветени на градење на транспарентни и фер односи со нашите клиенти и заедницата во целина, и ние се грижиме за бизнис опкружувањето и за животната средина. Нашите вработени се наша најголема вредност, и нивните погледи и идеи се интегрирани во процесот на донесување одлуки ви нашата компанија. БАСМЕ КТ е активен член на Националното координативно тело за ООП. Ние сме една од проактивените членови во Сојузот на стопански комори, каде се обидуваме да влијаеме позитивно на создавање на подобра бизнис клима за македонските компании и подобри работни услови за вработените.
Оттука, ние работиме според принципите кои светот ги дефинира како корпоративна општествена одговорност, и тие за нашата компанија се:

• Грижа за нашите клиенти и вклучување на засегнатите страни

• Градење на фер, професионален и транспарентен однос со нашите клиенти

• Вклучување во заедницата на работодавачи

• Образование за претприемништво, доживотно учење, учење на возрасни

• Трансфер на знаења и најдобри практики од странство, до нашите клиенти и до бизнис секторот

• Континуирани јакнење на знаењата на нашите вработени

• Добросостојба на работното место

• Грижа за животната средина и ефикасно користење на сите расположливи ресурси

• Применета бизнис етика