Капацитетите и експертизата со кои располага БАСМЕ, не прави квалификуван и доверлив партнер на бројни домашни и меѓународни консултантски компании и организации, за спроведување на различни проекти во Република Македонија и во странство.
Заедно со партнерите БАСМЕ придонесува за време на процесот на подготовка, имплементација и оценка на проекти поддржани од меѓународни или домашни организации.
БАСМЕ обезбедува тим од искусни и квалификувани експерти, како и долгорочно искуство во работа со локалните институции. БАСМЕ ја обезбедува и целосната логистичка поддршка неопходни за непречена реализација на проектот и менаџмент со настани.
БАСМЕ е активен во сите области на проектниот циклус:
• Идентификација на програми и проекти
• Дизајн на програми и проекти
• Изработка на ТоР (услови и задачи на проектот)
• Управување и координација на проекти
• Ex ante оценка на проекти
• Среднорочни оценување
• Ex post евалуација
• Мониторинг и следење на проекти |